Креирана стратегија на неформалната мрежа за права на жената Ромка

датум: 15.02.2021

Единаесет членки на неформалната Мрежа за мониторинг, известување и застапување на ромските женски права, ја креираа првата стратегија на мрежата и ги поставија своите заеднички цели кои ќе водат кон подобрување на статусот на жената Ромка во општеството. За следните две години членките ги дефинираа следните стратешки области како приоритет:
– Градење на капацитет на мрежата
– Подобрување на комуникацијата помеѓу членките на
– мрежата
– Видливост и влијание на мрежата
– Обезбедување на средства за одржување на активностите на мрежата

Во периодот октомври-декември 2020г. РАЖМ „Лулуди“ организираше три работилници на кои се започна креирањето на стратегија на неформалната Мрежа за мониторинг, известување и застапување со фокус на жената Ромка. За потребите на подготовката на стратешки насоки се превземаа неколку активности на мрежата, односно се спроведе анализа за потребите, предизвиците и можностите за работа на мрежата на локални организации за мониторинг на спроведувањето на конвенциите и политиките за спречување родово базирано насилство и дискриминација врз жените, се со цел да се направи потемелна анализа за целокупниот капацитет на членките на мрежата и како можеме да си помогнеме во иднина едни на други, но и да ги согледаме и потребите на членките организации за да
можат да одговорат на потребите на целните групи со кои работат.

По спроведените работилници, дискусии и анализа за потребите на жената Ромка во секоја сфера од општествениот живот како краен резултат е креирањето на стратешки документ за зајакнување на мрежата на локални организации за мониторинг на спроведувањето на меѓународните документи и политиките за спречување на семејното и родово базирано насилство и дискриминација врз жените, преку зајакната соработка и развој на ГО на локално ниво.

Членки на неформалната мрежа се: Кризен центар „Надеж“, Новинари за човекови права, Организација на жените на општина Свети Николе, Женска граѓанска инцијатива „Клеа“ -Битола, Здружение „Мотиво“- Куманово, Ромска асоцијација за еднакви права „Рота“ – Штип, Иницијатива на жени од Шуто Оризари, Здружение „Терно Вас“-Берово и индивидуалките: Сибела Мамудоска од Прилеп и Ѓулфер Точи од Гостивар.

Активноста е во рамки на Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“
кој е поддржан од Цивика Мобилитас

Previous Спроведени едукативни работилници со средношколци и најава на јавна кампања на РАЖМ „Лулуди“ во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved