датум:26.04.2021
Милиони млади и деца секојдневно стануваат жртви на трговијата со луѓе. Соодветната едукација и препознавање на формите на трговија со луѓе е клучно за поголема заштита и превенирање младите да не влезат во синџирот на трговија со луѓе.
РАЖМ „Лулуди“ од 26 април до 30 мај,2021г., започнува со јавна кампања за едукација и подигнување на свеста кај младите и општата популација со цел препознавање на најчестите форми на трговијата со деца и девојки.
Учествувај и ти, следи ја и поддржи ја кампањата на нашите профили на Фејсбук и Инстаграм, преку споделување на едукативните промотивни видеа подготвени од страна на средношколците млади лидери – промотори во спречување и превенција од трговијата со деца, од средните училишта: @СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип, СОУ „Коле Нехтенин”- Штип, СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје, и СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје.
Оваа кампања е во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“ имплементиран од РАЖМ „ЛУЛУДИ“ во соработка со Здружение на мултиетничко општество за човекови права-Штип, „Дром“-Куманово, АДРР „Сонце“ – Тетово , Рома Перспектив – Прилеп и ЗГ „Ромаверзитас“- Скопје. Проектот е финансиски поддржан од ЕУ и Совет на Европа, во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facilitiy II) 2019-2022 г