Информативна средба во Скопје за доделување на мали грантови во рамки на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“

Почитувани,

Ве покануваме на Информативна средба за доделување на мали грантови за граѓански организации која се одржи на 08.11.2024 година со почеток во 11:00 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен Центар – Скопје.

Информативната средба се реализира во рамки на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” (код на проектот: IPA III/2022/441-801). Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија, а е менаџиран од страна на АДДР Сонце Тетово, во партнерска соработка со РАЖМ „ЛУЛУДИ“ од Скопје, РРЦ од Скопје и Симплексис од Грција.

Целта на овој проект е да се придонесе кон зајакнување на активното учество на ромскиот и проромскиот граѓански сектор во одлучувањето и структурираниот политички дијалог за вклучување на Ромите, поефикасна имплементација на реформите во политиката поврзани со правото на ЕУ особено во врска со поглавјата 19 & 23. 
Во рамки на овој проект е предвидено да се доделат 10 грантови на граѓански организации во износ од 2.000,00 до 5.000,00 евра и за таа цел ќе се оддржи информативна средба за презентација на целите, критериумите, условите и начинот на аплицирање на повикот за доделување на грантови.

Повикот може да го погледнете на следниот Линк .

Вашето присуство потребно е да го потврдите најдоцна до 07.11.2024, 16 часот на следната е-маил адреса: razmluludi@gmail.com или на телефон 070/726 538 и 071/344 913.


Ве очекуваме!

Previous Јавен повик за доделување на мали грантови за ромски и про-ромски здруженија на граѓани

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved