Достоен живот – Право на лични документи

Главна цел: Да се идентификуваат нови случаи на лица без лична документација со цел да им се овозможи уживање на основните човекови права како еднакви граѓани на Р.М. Места на кои се делува се различни општини на град Скопје,  каде што има најголема застапеност на ромската заедница, како Шуто Оризари, Чаир и Ѓорче Петров.

Главни активности:

  • Средби со претставници од локални институции, локална самоуправа, релевантни институции
  • Средби со општини и градоначалници, средби со претставници од Матична служба, основни училишта, градинки, ромски информативни центри, Центрите за социјална работа, итн.
  • Трибинисо лица од локалната заедница
  • Подготовка на Прирачник за постапување со лица без лична документација и подготовка за теренски активности.
  • Теренски активности – теренска посета на семејства од заедницата, преку претходно мапирање на локации.
  • Поставување на инфо штанд за граѓани – информирање на граѓаните каде да се пријават доколку не се регистрирани во матичната книга, преку поставување штанд на фрекфрентни места во локалните заедници и дистрибуција на информативни флаери.
  • Активен Контакт Центар за пријавување на лица без лична документација , којработи 12 часа во денот за информации и консултации, раководен од тимот на РАЖМ Лулуди.

Целна група на проектот: Лица нерегистрирани во матична книга на родени, лица без лична документација

Период на реализација на проектот: април – октомври 2018 година.

 

 

Проектот е грант од проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“. Проектот е финансиран од ЕУ, имплементиран од Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“  како грантист во партнерство со здружението МИР и Центар за образовна поддршка „Дендо Вас“.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved