АПЛИЦИРАЈ за учество на Тренинг за родова еднаквост, дискриминација и антициганизам!

 

Во периодот 20-26 јуни е предвидено да се спроведе 5 дневенТренинг за ромски младински работници на темите Родова еднаквост, дискриминација и антициганизам 

Линк до апликацијата: https://forms.gle/2MTK51UnTek8WdzK9  
Апликацијата може да ја пополните на македонски јазик
 
Краен рок за аплицирање: до 23 мај, вторник, 2023г., до 16:00 часот
 
5 -дневниот Тренинг е планиран да се спроведе во Македонија (точната локација сеуште не е одредена, но ќе се одржи во близина на Скопје или во друг град во Македонија. 
Тренинигот ќе ги опфати следните теми:
  1. Родова еднаквост – што е родова еднаквост, и зошто е важна примената на родова еднаквост.
  2. Антидискриминација – што е дискриминација, како може да ги препознаеме нејзините форми и како може да делуваме против дискриминацијата користејќи ги постоечките алатки и механизми
  3. Антициганизам – заедно ќе го научиме концептот на антициганизам, како да ги препознаеме формите на овој феномен, начини, алатки, механизми за заштита и превенција.
  4. Дигитални алатки – изучување и примена на дигитални алатки во секојдневното работење како младински ромски работници, особено во организирање и спроведување на локални и национални кампањи за подигнување на свеста. 
  • Работни јазици на тренингот: македонски, српски, англиски и ромски. 

Кој може да аплицира?

  • Ромски младински работници, лица на возраст од 15 до 35 години
  • Да поседува искуство во работење, волонтирање, учество во активности во ромската заедница и/или искуство во работа со млади Роми.
  • Да има висока мотивација за делување во организацијата и да учестува во понатамошните активности предвидени после тренингот (подготовка и организирање на фокус групи во заедницата, учество во подготовка и спроведување на видео кампања за подигнување на свеста кај населението на темите родова еднаквост, антидискриминација и антициганизам).
  • желба за делување по однос на родова еднаквост, антициганизам и дискриминација, да работи со млади Роми, млади лица од маргинализирани групи.
  • Приоритет при селекција имаат кандидатите кои се членови на ЛУЛУДИ.
Сите трошоци поврзани со тренингот и планираните активности ќе бидат покриени од организаторот:
– Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
– Сместување
– Храна
– Предвидени активности за време на тренингот
 
Обврски на учесниците: 
– да имаат валидна лична карта или документ за идентификација
(*Кандидатите кои се малолетни, односно имаат под 18 години, доколку бидат селектирани имаат обврска да приложат согласност за учество потпишана од родител или старател).
– Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
 
Предвидени последователни активности (по обуката):
– Водење на фокус групи со локалната заедница (откривање на актуелни проблеми и препораки за превенција и решавање на веќе постоечките проблеми во областа на дискриминацијата, антицигаизмот и родовата еднаквост). Менторска поддршка во периодот септември – ноември 2023 година ќе биде обезбедена за младинските работници со цел да им се овозможи соодветно да ги презентираат проблемите преку кратко истражување и спроведување кампањата за подигање на свеста.
– Земање активно учество во подготовката и спроведувањето на кампањата за подигање на свеста (септември-октомври 2023 година). Младинските работници ќе имаат можност да го споделат стекнатото знаење и искуство од обуката преку информативна видео кампања. Податоците собрани од организираните фокус групи ќе бидат поттик, патека и мотивација за подготовка на кратки видеа со информативен, едукативен карактер со цел подигање на свеста за опфатените теми. Кампањата ќе биде дистрибуирана на српски, македонски и ромски јазик, со користење на различни дигитални алатки и социјални медиуми.
 
Преку оваа Обука за градење капацитети, 12 млади Роми работници од Македонија и Србија ќе имаат можност да ги подобрат своите капацитети и знаења за важноста на родовата еднаквост, препознавањето на различните облици на дискриминација и антициганизам, како и постоечки механизми за известување, да се пренесе стекнатото знаење во понатамошни активности со менторство овозможено од организаторите (спроведување фокус групи, истражување, видео кампања за подигање на свеста на населението), истовремено споделување искуства од земјите – недостатоци и добри практики во земјите партнери и од ЕУ, политики на земјите во однос на темата.
 
 
*Кандидатите ќе бидат селектирани согласно поставените критериуми во Повикот, како и мотивацијата образложена во апликацијата, доколку бројот на кандидати е голем ќе се земе предвид и времето на аплицирање. Апликациите кои ќе бидат доставени по крајниот рок нема да бидат разгледани. *Организацијата го задржува правото да ги извести само оние кои ќе бидат избрани.
 
Подетални информации може да погледнете на Повикот.
 Активностите се дел од проектот „Ромски младински работници за вибрантно граѓанско општество“  (Roma Youth Workers for a Vibrant Civil Society) поддржан од програмата на Европската Унија Еразмус+ Клучна акција KA210-YOU, кој го спроведуваат Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“, од Скопје и Здружение на жени „ОСВИТ“ од Ниш, Србија. 
 
Previous ЛУЛУДИ отвори ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНИ И ДЕВОЈКИ ВО РИЗИК И ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved