Главната цел: Генерирање на нови идеи за подобрување на компетитивноста и мобилноста на невработените жени Ромки во Република Македонија.
Специфична цел: Преку истражување да се изврши евалуација на моменталната состојба на жени Ромки во градовите Тетово, Куманово, Штип и Прилеп, во поглед на невработеноста, инклузија на пазарот на труд и користење на активните меки за вработување на Владата на РМ.
Целна група: Невработени жени Ромки од 18-55 години од Тетово, Куманово, Штип и Прилеп – населени места каде живее поголем процент на ромско население и места кои се географски распредели во различни предели од РМ. Жените опфатени од наведените населени места претставуваат национален примерок за претставување на состојбата.