РАЖМ Лулуди отвара повик за ОБУКА за Политички вештини!

датум: 09.06.2021

Вложете во своето знаење и вештини и станете силна жена која е подготвена да се соочи со предизвици и да прави промени за својата заедница!

РАЖМ Лулуди отвара повик за учеснички за обука за политички вештини.
Целта на обуката за политички вештини e да ги зајакне и поттикне девојките и жените Ромки во нашата држава да земат активно учество во политичките процеси.
Во текот на обуката учесничките ќе се запознаат со различни теми како на пример: основи на демократијата, правото на глас како основно демократско и граѓанско право, закони и други правни одредби кои гарантираат политичко учество на жената, која е улогата на жената во политичките процеси итн.
Право на учество имаат девојки и жени Ромки од 16 – 45 години од цела Република Северна Македонија.

Обуката е наменета за сите девојки и жени Ромки кои сакаат да научат повеќе за важноста на жената во политиката, како се учества во носење одлуки во општините, како да влијаеш на промени во закони кои се носат во Собрание, како да добиеш поддршка од други жени и како вистински да влијаеш за позитивни промени во својата заедница.

Пријави се: https://forms.gle/TqSUZ2P6ZaUzb9tn7
Краен рок за пријавување: 19.06.2021 година