16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Датум: 25.11.2020

Во наредните 16 дена ќе се посветиме кон подигнување на свеста за формите на насилство, со посебен фокус на жената која е најчеста жртва на родово базираното и семејното насилство. Препознавање на формите на насилство е клучно за да знаеме како да реагираме, како да постапиме и како истото да го пријавиме.

Кампањата ќе биде одвива онлајн преку социјалните мрежи на Лулуди и ќе содржи:
Едукација за формите на родово базирано насилство
Споделување 16 различни пораки во следните 16 дена со отчукување на 16 часа.
Едукативни сесии, квизови и работилници

Ве повикуваме овие 16 дена заедно да научиме да ги препознаваме формите на насилство и да не го одложуваме алармот, бидејќи одложувањето на алармот значи непревземање на акција и може да доведе до несакани последици.Следете не на нашите социјални мрежи, едуцирајте се, споделете со останатите и поддржете ја кампањата.

Кампањата  за борба против родово базираното насилство е во рамки на Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“ кој е поддржан од Цивика Mобилитас