СПОДЕЛУВАЊЕ ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО РОДОВО БАЗИРАНОТО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

09.12.2020г.

Работилница на тема „Domestic and gender-based violence and civil society organizations response“ се оддржа на 09.12.2020г., на која учествуваа претставници на организации од Балкан и од РСМ кои работат на родова еднаквост и женски права. 

Препознатливи и искусни организации од регионот споделија добри практики и информации како тие се справуваат со родово базираното насилство, застапување за родова еднаквост и поддршка на жените од заедницата. Претставници од организациите „Udrizenje Romkinja Osvit“ Ниш, Србија, „Bibija Romski Ženski Centar“ Србија и „Udruga žena Romkinja Romsko srce“ Хрватска и претставник од CARE International Balkans, кои воедно заедно со РАЖМ „Лулуди“ се дел од основачите на Балканската ромска женска мрежа, ги претставија своите предизвици и дискутираа со 10 претставници на женски организации од РСМ за сличностите на проблемите со кои се соочуваме секојдневно, како и за степенот на соработка со локалните институции. 

 

 

Оваа активност е спроведена во рамки на 16 дневната кампања за борба против насилството врз жените „Не го исклучувај алармот, пријави насилство!“, а истовремено и зајакнување на неформалната мрежа на ромски и про-ромски женски организации на Лулуди и вмрежување со ромски женски организации од регионот. 

 

 

Активноста е во рамки на Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“ кој е поддржан од Цивика Мобилитас.