РАЖМ „ЛУЛУДИ“ СОРАБОТУВА СО 5 ОПШТИНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА СО ДЕЦА И ДЕВОЈКИ!

РАЖМ „Лулуди“ спроведува низа на активности во рамки на кампањата за подигнување на свеста за спречување и превенција на трговијата со деца и девојки. Со поддршка на програмата Хоризонтален инструмент II на ЕУ и Советот на Европа, во периодот од септември 2020г. до мај 2021г., РАЖМ „Лулуди“ организира низа активности наменeти за подигнување на јавната свест за трговијата со деца и различните форми на експлоатација, вклучително и принудното питачење, принудни бракови кај деца од различни етнички заедници, девојки Ромки, родители, локални лидери од заедницата, наставници и медиуми, како и зајакнување на децата и младите, со фокус на девојките Ромки, во препознавање и  пријавување на можните инциденти и случаеви на трговија со деца. 

Започната е соработка со општините: Град Скопје, Тетово, Штип, Куманово и Прилеп. локалните организации како локални советници: Здружение на мултиетничко општество за човекови права-Штип, Центар за ромска заедница „Дром“- Куманово, Асоцијација за демократски развој на ромите „Сонце“ – Тетово, Рома Перспектив- Прилеп и ЗГ Ромаверзитас- Скопје. 

Се одржаа средби со претставниците од општините, средни училишта и преставниците од локалните невладини органзации преку онлајн платформата Zoom, каде што заедно се дискутираше повеќе околу потребите и едукација на младите за формите на трговија со луѓе и превенција од истите. Воедно се презентираше проектот, целта и подготовката на кампањата, како и за улогите на општините, локалните организации советници и средните училишта. Заедничката соработка ќе овозможи заедничко делување во подигнување на свеста кај младите, соодветна едукација, заштита и превенција од можните случаеви на трговија со деца, девојки и млади и разните форми на експлоатација.

Проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“ е финансиски поддржан од Европската Унија и Советот на Европа.