КРАЈ НА КАМПАЊА, НО НЕ И НА БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Датум: 10.12.2020

РАЖМ „Лулуди“ активно водеше кампања во периодот 25 ноември до 10 декември, период познат како 16 дена активизам против родово базираното насилство. 

...

Целта на кампањата „НЕ ГО ОДЛОЖУВАЈ АЛАРМОТ, ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО!“ е да се едуцира општата јавност и да се превенира родово базирано насилство. За таа цел РАЖМ „Лулуди“ во овие 16 дена, секој ден споделуваше едукативна содржина за формите на родово базирано насилство, како треба да одговориме на истото, како да се пријави, и каде може да побараме поддршка. Кампањата се спроведе онлајн преку социјалните мрежи на три јазици: македонски, ромски и англиски јазик

На последниот ден од онлајн кампањата се оддржа работилница на тема „Едукативна сесија за родово базирано и семејно насилство, и права од социјална заштита“ во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП). Со оваа работилница се одбележа почетокот на соработката помеѓу РАЖМ „Лулуди“ и МЗМП со цел превенција и поддршка на жртвите од родово базирано насилство.

Во престојниот период, РАЖМ „Лулуди“ ќе отвори контакт телефон за советодавни услуги и бесплатна правна помош за сите лица кои имаат потреба од поддршка во справување со родово базирано и семејно насилство.

 

Кампањата  за борба против родово базираното насилство „НЕ ГО ОДЛОЖУВАЈ АЛАРМОТ, ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО!“ е во рамки на Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“ кој е поддржан од Цивика Mобилитас