ЗАПОЧНА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА СО МРЕЖАТА ЗА МОНИТОРИНГ, ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ СО ФОКУС НА ЖЕНАТА РОМКА

01.12.2020г.

РАЖМ „Лулуди“ организираше две работилници во периодот октомври- ноември, 2020г., на кои се започна креирањето на стратегија на неформалната Мрежа за мониторинг, известување и застапување со фокус на жената Ромка.
Учесници на работилниците беа сите членки на мрежата (Кризен центар „Надеж“, Новинари за човекови права, Органзација на жени на Општина Свети Николе, Женска граѓанска инцијатива „Клеа“, Здружение „Мотиво“, Ромска асоцијација за еднакви права „Рота“ , Иницијатива на жени од Шуто Оризари, Здружение „Терно Вас“) и индивидуалките: Сибела Мамудоска од Прилеп, Ѓулфер Точи од Гостивар. Имено, неформалната мрежа е формирана во 2018 година со подршка на UN Women од 7 членки од различни региони на Македонија, а во 2020 година со поддршка на Цивика Мобилитас е проширена и сега мрежата се состои од вкупно 11 членки.

Во изминатите две години органиизациите работеа заедно на мониторинг, известување и застапување за имплементација на Истанбулската Конвенција и CEDAW Конвенцијата. Мрежата е неформална коалиција која го обединува гласот на организациите, експертите, активистите и национални институции, против нееднаквиот третман на жената Ромка во нашето општество, со цел за подобрување на нејзиниот социо-економски статус.

Активноста е во рамки на Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“ кој е поддржан од Цивика Мобилитас.