ЗАЕДНО СО СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СЕ ЕДУЦИРАМЕ НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ – ПРЕВЕНЦИЈА НА ТРГОВИЈАТА СО ДЕЦА, ДЕВОЈКИ И МЛАДИ

Датум: 10.12.2020

Започнати се едукативни работилници наменети за средношколци од градовите: Тетово, Штип, Куманово, Прилеп и Скопје на тема Трговијa со луѓе – Превенција на трговијата со деца, девојки и млади. Едукативните работилници имаат за цел  подигнување на свеста и нивото на едукација, преку дискусија и интеракција младите да ги препознаваат можните форми на трговија со луѓе и деца,  разните видови на експлоатација. факторите за ризик, начините за врбување, како и за начините за заштита, пријавување и превенција.

Активно учество на едукативните работилници земаат средношколци од различни етнички заедници, со фокус на девојките Ромки, од средните училишта:  СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ,, Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип,  СОУ „Коле Нехтенин“”- Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје, СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје, СОУ ,,Јане Сандански” – Штип и СОУ ,,Наце Буѓони”, Куманово. Предвидените активности наменети за средношколците се спроведуваат во соработка со општините: Град Скопје, општина Тетово, општина Штип, општина Куманово и општина Прилеп,, и со заемна соработка со локалните советници од локалните организации: Здружение на мултиетничко општество за човекови права, Центар за ромска заедница „Дром“, Асоцијација за демократски развој на ромите „Сонце“ , Рома Перспектив и ЗГ „Ромаверзитас“.

Едукативните работилници се во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“, одржани од страна на обучувачи кои се со долгогодишно искуство и имаат експертиза во областа на човекови права, права на деца и трговија со деца и млади. Оваа активност е почетен дел од јавната кампања која ќе следи во престојниот период.

 

Проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“ е финансиски поддржан од Европската Унија и Советот на Европа.