РАЖМ „ЛУЛУДИ“ ДОБИТНИК НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
20.07.2020г.
Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ е една од 15те селектирани невладини организации кои добија институционален грант од Цивика Мобилитас, од вториот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-05).
Цивика Мобилитас преку ваквиот тип на финансиска поддршка има за цел да овозможат на здруженијата да работат на нивниот институционален развој и организациско јакнење, како и надминување на моменталните организациски предизвици со што ќе се зголеми придонесот во општеството. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
РАЖМ „Лулуди“ во рамки на оваа поддршка ќе се насочи кон низа на активности:
- Унапредување и зајакнување на капацитетите на РАЖМ „Лулуди“
- Зајакнување на мрежата на локални организации за мониторинг на спроведувањето на меѓународните документи и политиките за спречување на семејното насилство и дискриминација врз жените, преку зајакната соработка и развој на ГО на локално ниво.
- Унапредување на позицијата во општеството на жените и младите Роми преку заеднички иницијативи, партнерства со организации мрежи и институции.
- Зголемување на ангажманот на целните групи во РАЖМ „Лулуди“ за адресирање на предизвици во локалната заедница.
- Следење,известување и застапување за имплементација на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) во Република Северна Македонија.
https://civicamobilitas.mk/vesti/izbrani-novi-15-institutsionalni-grantisti-na-tsivika-mobilitas/
Годишниот план за работа е поддржан од Цивика мобилитас.