Регионална конференција за презентирање на Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција

На регионалната конференција присуствуваа над 70 учесници од четири земји на Западен Балкан со цел да разговараат како да се подобри состојбата на жените Ромки во регионот. Меѓу нив се и членките на националната неформална мрежа на организации и индивидуалци за Мониторинг и пишување извештаи за имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција. На регионалната конференција воедно беше презентиран Регионалниот извештај за усогласеноста на CEDAW и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани, малолетнички бракови и понудата на поддршка и заштита на жените Ромки во случаи на семејно насилство.

Регионалниот извештај е подготвен врз основа на национални извештаи од четири земји на Западен Балкан (Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина).

Националниот извештај на Македонија е инициран и предводен од страна на РАЖМ „Лулуди“ и подготвен од страна на формираната мрежа од организации и индивидуалци: Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn, Кризен Центар „Надеж”, Иницијатива на жени од Шуто Оризари, Новинари за човекови права, Терно Вас, Женска граѓанска иницијатива „Клеа”, Гордана Несторовска, Даниела Антоновска, Анита Илиевска.


Оваа регионална конференција е завршниот настан од проектот „Обединети против насилството врз жените“ имплементиран од регионалното партнерство на РАЖМ „Лулуди“, Бибија (Србија), Отахарин (БИХ) и Млади Роми (Црна Гора).

Преземете го Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани бракови и понудата на поддршката и заштита на жените Ромки во случаи на семејлно насилство.

Проектот е  дел од регионалната програма  “Implementing Norms, Changing Minds: Ending Violence Against Women in the Western Balkans and Turkey” , спроведена од страна на UN Women, а со поддршка од Европска Унија.