Обучени претставници на неформалната национална Мрежа за Мониторирање и пишување извештаи за имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција

Во периодот од   до   , беше спроведен семинар наменет за неформалната национална Мрежа на организации и индивидуалци за Мониторинг и пишување извештаи за имплементацијата на Kонвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција.

На семинарот беше презентирана креираната Матрица за мониторинг на имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција, детално разгледана и претставување на практичен дел, односно претставување на начините на соодветно користење на матрицата. На семинарот, воедно беа објаснети одредени термини и области кои конвенциите ги опфаќаат, запознавање со интерсекциска дискриминација, со цел да се олесни процесот на мониторирање на членките на мрежите, како и вршење на коректен и ефективен мониторинг.

По завршување на семинарот, секоја членка на мрежата ќе започнат со спроведување на мониторинг на имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција во Македонија водејќи се според Матрицата за мониторинг. По спроведениот мониторинг, добиените податоци ќе придонесат во изготвување на Национален извештај за имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија, кој потоа ќе биде опфатен во Регионалниот извештај.

Обучувачи на семинарот беа Гордана Несторовска и Наташа Постоловска.

Семинарот за зајакнување на капацитетите на членките на Мрежата за Мониторинг и пишување извештаи за имплементацијата на CEDAW и Истанбулската конвенција е дел од проектот „Обединети против насилствотот врз жените“.

Проектот е  дел од регионалната програма  “Implementing Norms, Changing Minds: Ending Violence Against Women in the Western Balkans and Turkey” , спроведена од страна на UN Women, а со поддршка од Европска Унија.