РАЖМ Лулуди со зајакнати капацитети за транспарентно работење и известување
Во периодот септември – октомври 2019 година, организацискиот тим на РАЖМ „Лулуди“ имаше можност да посети обука од сет на работилници за зајакнување на организациските капацитети во однос на транспарентно работење, видливост на организацијата и соодветно известување за своето работење до опшата јавност и засегнати страни.
Обуката беше спроведена низ неколку работилници на темите:
- Разбирање на организациската структура и дизајн;
- Содржина и подготовка на наративни извештаи;
- Содржина и подготовка на финансиски извештаи;
- Ефективна внатрешна и надворешна комуникација
- Подготовка и проверка на подготвени документи
Обуката за зајакнување на организациските капацитети за транспарентно работење и известување, како и менторство за подготовка и пишување на годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата беше спроведен од страна на обучувачката Гордана Несторовска.
Проектот е спроведуван со поддршка од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓански организации“. Програмата е спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на гражанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансирана од ЕУ.