Обединети против насилството врз жените

Ромска Асоцијација за жени и млади „Лулуди“ започна со имплементација на регионалниот проект „Обединети против насилство врз жените“ , како партнер организација заедно со организациите „ Ромски женски центар Бибија“ од Србија, “Млади Роми“ од Црна Гора и „Здружение на граѓани за промовирање образование на Роми Отахарин“ од Босна и Херцеговина.

Проектот е  дел од регионалната програма  “Implementing Norms, Changing Minds: Ending Violence Against Women in the Western Balkans and Turkey” , спроведена од страна на UN Women со поддршка од Европска Унија.

Проектот започна со првична координативна средба на сите партнерски организации на 21 и 22 септември, 2018 година, во Скопје.  На координативната средба детално се разгледа проектот и проектните активности, меѓусебни обврски и задачи, и основањето на матрица која ќе служи како основа за собирање на податоци и подготовка на извештај за следење во согласност со CEDAW и Итанбулската конвенција. Средбата беше организирана со цел координирање на активностите за повторно воспоставување на мрежа на женски организации на национално ниво и мапирање 5-10 ромски и не-ромски организации кои ќе треба да создадат мрежа на национално ниво во нивните земји.

Основаните национални мрежи на организации ќе учествуваат во подготовка на извештаи за мониторинг на имплементацијата и спроведување на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), како и давање на препораки на земјите и другите засегнати страни за спречување на насилството врз жените.

Проектот има за цел да придонесе кон развивање на мерки насочени кон повеќекратни нееднаквости и други форми на дискриминација и насилство врз жените Ромки. Воедно, зајакнување на гласот на ромските жени за следење, известување и застапување за имплементација на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за CEDAW.