СРЕДБА ЗА ОСНОВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ЗА МОНИТОРИРАЊЕ И ПИШУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА CEDAW И ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

РАЖМ Лулуди како претставник  организација од Македонија и партнер на проектот „Обединети против насилство врз жените“, финансиран од страна на UN Women, со поддршка од Европска Унија,  организираше средба со невладини организации од Македонија кои работат на женски права, ромски права, семејно  и родово-базирано насилство.

Средбата се одржа на 10 октомври, во Скопје, каде што учество земаа неколку ромски и не-ромски организации од Македонија кои работат на женски права, семејно и родово-базирано  насилство и насилство врз жени, особено оние кои работат на правата на жената Ромка.

Целта на средбата е презентирање на проектот, проектните активности и цели, и повикување на овие организации во основање на национална мрежа која ќе земе активно вклучување во проектот преку мониторирање и пишување на извештаи за спроведување на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), и воедно давање на препораки за спречување на насилството врз жените.