Информативни трибини со граѓани за идентификување на лица кои не се заведени во матичната книга на родени

01.08.2018

Во периодот јуни  до јули 2018 година РАЖМ Лулуди, во партнерство и соработка со организациите МИР и Дендо Вас беа организирани и спроведени информативни трибини со граѓани од општините Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Целта на информативните трибини беше да се информира локалното население за проектот, проектните цели и активности, информирање за можноста да се пријават себеси или лица кои ги познаваат, а се лица без лична документација, промовирање на Контакт центарот и споделување со граѓаните информативен материјал.

На информативните трибини граѓани од Шуто Оризари, Чаир, Ѓорче Петров, па и пошироко се информираа за проектните цели и активности, им се подели информативен материјал со информации за активниот Контакт центар,  се разменија информации и податоци за активностите на терен и за можноста да се пријават доколку се соочуваат со проблем со лична документација.

Проект “Достоен живот – Право на лични документи“.
Финансиран во рамки на проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“. Проектот е финансиран од ЕУ.