Одржани средби со претставници од локални институции

22.06.2018

Во однос на проектот „Достоен живот – Право на лични документи“ се спроведоа  средби со претставници од локални институции од три општини, и тоа: општина Чаир, општина Ѓорче Петров и општина Шуто Оризари.

Целта на средбите со претставници од локални институции беше да се претстават подетално активностите на проектот, методите на работа и сите потребни информации за остварување на меѓусебна соработка, воедно и нивно вклучување во акцијата за откривање и евидентирање на лица без лична документација.

Одржани се вкупно три средби, на кои присуствуваа лица и претставници од локалните матични служби, претставници од општини, локални здравствени установи, образовни институции и останати засегнати страни.

Средбите резултираа со воспоставување на соработка со локалните институции, споделување на информации и податоци за населението кое се соочува со потешкотии во однос на поседување лични документи, отворени дискусии со претставниците од локалните институции и служби на општините во однос на идентификување на лица кои не се регистрирани во матичните служби и кои имаат потешкотии со лични документации, како и споделување на информации за проектот и проектните активности и споделување на информативен материјал со цел да се достигне до целната група и идентификување на лица кои не се регистрирани во матичната книга на родени.

Проект “Достоен живот – Право на лични документи“.
Финансиран во рамки на проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“. Проектот е финансиран од ЕУ.