ОСТВАРЕНИ СРЕДБИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ

21.05.2018

РАЖМ Лулуди реализираше средби со претставници од локалните самоуправи  на  Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров, како дел од проектот „Достоинствен живот- Право на лични документи“.

Од спроведените средби:

  • Општина Чаир ја изрази својата заинтересираност за соработка и поддршка на Лулуди за спроведување на проектот „Достоен живот – Право на лични документи“, со цел идентификување на нови случаи на лица без лична документација и нивно овозможување да ги уживаат основните човекови права како еднакви граѓани на Р.М.
  • Од остварената средба со градоначалникот на Шуто Оризари, г-динот Курто Дудуш, Лулуди се здоби со многу корисни информации и податоци за општината на Шуто Оризари и лица без лична документација, и воедно градоначалникот ја изрази својата расположливост за вклучување на општината на Шуто Оризари во реализирање на активности во однос на разрешување на овој долгогодишен проблем.
  • Општина Ѓорче Петров со задоволство и голема желба пружа рака и поддршка за вклученост во идентификување на лица кои се без лична документација како и разрешување на проблемите со кои се соочуваат овие лица.

Голема благодарност до општините на Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров кои ја даваат својата поддршка за спроведување на проектните активности и нивната ангажираност во однос на идентификување на лица без лични документации.

Продолжуваме понатаму заедно со општините и локалните институции, и со нашите партнери со имплементирање на проектните активности во идентификување на случаи на лица без лична документација со цел да им се овозможи уживање на основните човекови права како еднакви граѓани на Р.М.

Проектот “Достоинствен живот – Право на лична документација“ е финансиран во рамки на проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“. Проектот е финансиран од ЕУ.