ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ „Достоен живот – Право на лични документи“

20.04.2018

Ромска Асоцијација за жени и млади (РАЖМ) Лулуди започна со имплементација на проектот “Достоен живот – Право на лични документи”, финансиран од ЕУ, чија цел е идентификување на нови случаи на лица без лична документација со цел да им се овозможи уживање на основните човекови права како еднакви граѓани на Р.М.

 

Проектот ќе се спроведува во текот на 6 – месечен период (април – октомври, 2018 година), во три општини на град Скопје:

  • општина Чаир,
  • општина Шуто Оризари и
  • општина Ѓорче Петров

 

Целна група на проектот:  

Лица нерегистрирани во матична книга на родени, лица без лична документација

 

Партнери на проектот се:  Здружение МИР  и Здружение Дендо Вас, со кои заедно ќе ги спроведуваме теренските активности за идентификување на лица без лична документација, односно нерегистрирани лица во матична книга на родени.

 

Главни активности на проектот се:

  • Средби со претставници од локални институции, локална самоуправа, релевантни институции – Средби со општини и градоначалници, средби со претставници од Матична служба, основни училишта, градинки, Ромски информативни центри, Центрите за социјална работа, итн.
  • Трибини со лица од локалната заедница
  • Подготовка на Прирачник за постапување со лица без лична документација и подготовка за теренски активности.
  • Теренски активности – теренска посета на семејства од заедницата, преку претходно мапирање на локации/улици/маала.
  • Поставување на инфо штанд за граѓани, на кој ќе се делат флаери со информации и контакти, ќе се информираат граѓаните каде да се пријават доколку не се регистрирани во матичната книга. Штандот ќе се поставува на фрекфрентни места во локалните заедници.
  • Активен Контакт Центар за пријавување на лица без лична документација , кој ќе работи 12 часа во денот за информации и консултации. Контакт телефонот го раководи РАЖМ Лулуди.

 

Очекувани резултати од проектот:

  • Информирани 2000 граѓани за можноста за пријавување на лица без лична документација.
  • Активен Контакт Центар – 12 часа во денот, за пријавување на лица без лична документација.
  • Десет организации, 3 општини и други локални институции вклучени во активности за идентификација на лица без лична документација.
  • Идентификувани и евидентирани 150 лица без лична документација, од 3 различни општини на град Скопје.

 

Период  на  реализација:

април – октомври 2018 г.

 

Финансиран во рамки на проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“. Проектот е финансиран од ЕУ.