“Пристап до репродуктивни права на жените Ромки “, работилница организирана од страна на РАЖМ Лулуди, а со поддршка на ERRC.

28.02.2018

Во февруари, 2018г., во организацијата Лулуди беше организирана еднодневна работилница на тема „Пристап на жените Ромки до гинеколог“, со поддршка од страна на ЕРРЦ, Будимпешта. Учество земаа 23 жени од локалните заедници, Топаана и Шуто Оризари и соседните општини во Скопје.

Работилницата беше одржана со цел да се подигне прашањето на пристапот на ромските жени до гинеколог, да  им се дадат важни информации во врска со нивните репродуктивни права,  да се мотивираат за преземање на правни дејства во ситуации кога нивните репродуктивни права се прекршени од страна на здравствените работници и други органи, со цел иницирање на заеднички судски спорови пред македонските граѓански судови и / или други вонсудски тела за прашањето на пристапот на ромските жени  до гинеколози.