Седум жени Ромки успешно завршија обука за фризерки

14.04.2017

На четиримесечната Обука за стекнување на професионална квалификација за фризер земаа учество вкупно 13 невработени жени Ромки од Скопје, од кои 7 реализираа висок процент на присуство на обуката и успешно полагање на завршен испит составен од теоретски и практичен дел во Тренинг центарот формиран од проектот „Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд“.

 

Програмата на обуката за фризерки опфати изучување на разновидни вештини и теории за основните поими и пракси во фризерството, како и преку стручно-теоретски презентации и преку практични примери и вежби со соодветна опрема за стекнување на потребните вештини.

Учесничкките научија за :

  • типови на коса,
  • подготовка и третирање на косата,
  • фенирање и обликување на коса,
  • шишање и обликување на коса,
  • бојадисување на коса, нијансирање на коса преку техника на шатирање,
  • фризури за свечени пригоди,
  • етика на работното место,
  • подготовка и одржување на хигиената во фризерски салон.

 

Обуката беше во времетраење од четири месеци, во периодот од 12.12.2016 год. до 12.04.2017 год. На крајот од обуката учесничките полагаа завршен испит составен од теориски и практичен дел. По завршување на обуката секоја од учесничките се здобива со сертификат за успешно завршен курс за фризер.

 

Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации преку посета на специфични обуки одредени според нивните индивидуални потреби за вработување. Поддршка на идеи за самовработување кај жените Ромки, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис. Поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување

 

Проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.