Анализа на состојбата на жените Ромки во Р.М. и пазарот на труд
Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ како грантист во партнерство со Институт за Истражување и Анализа на Политики – РОМАЛИТИКО (консултант) го спроведоа проектот „Анализа на состојбата на жените Ромки во Р.М. и пазарот на труд“, во период од 01.03.2017г. до 05.03.2017г.
Главната цел на предлогот е генерирање на нови идеи за подобрување на компетитивноста и мобилноста на невработените жени Ромки во Република Македонија.
Специфична цел на предлогот е преку истражување да изврши евалуација на моменталната состојба на жени Ромки во градовите Тетово, Куманово, Штип и Прилеп, во поглед на невработеноста, инклузија на пазарот на труд и користење на активните меки за вработување на Владата на РМ.
Целна група се невработени жени Ромки од 18-55 години од Тетово, Куманово, Штип и Прилеп – населени места каде живее поголем процент на ромско население и места кои се географски распредели во различни предели од РМ. Жените опфатени од наведените населени места претставуваат национален примерок за претставување на состојбата.
Активности кои се опфатени:
- Креирање тим и зајакнување на тимот
- подготовка на прашалник за истражување ( анкетен прашалник за жени Ромки и за институции),
- контактирање со локални ромски организации, локални агенции, општини ит.н.,
- тренинг за оформена група од 4 анкетари,
- Организирање на истражување помеѓу целната група и институции
- евалуација на анкетите, анализа и промоција на истражувањето.
- Евалуација на анкетите и пишување на извештај
- Публикување и промоција на истражувањето
Постигнати резултати:
- Спроведена ефективна анкета помеѓу 140 невработени жени Ромки за потребите и ограничувањата на пазарот на труд
- Спроведена анкета помеѓу 12 локални институции во опфатените региони
- Обработени и добиени податоци од 140 прашалници потполнети од невработени жени Ромки, и 12 локални институции
- Прибрани 10 клучни предлози од целната група за надминување на социјалната ексклузија на пазарот на труд кај жените Ромки
- Еден подготвен и публикуван извештај со препораки за нови идеи за подобрување на компетитивноста и мобилноста на невработените жени Ромки, креирање на идни планови, политики и мерки
- 100 дистрибуирани извештаи до засегнати лица, институции, медиуми, соработници, национални и меѓународни мрежи
На следниот линк може да ја погледнете Анализата за учество на жената Ромка на пазарот на труд во Република Македонија.
Истражувањето е поддржано од страна на Roma CSO Network – Roma Community’s Response, преку ИПА/2015/371474, компонента: Подршка на невладини организации и слобода на медиуми, активност 2014, Европска Унија. Даватели на грантот се Здружение за правата на Ромите Штип во партнерство со ИНСОК Скопје и Месечина Гостивар, кои го спроведуваат проектот “Мрежата на ромски граѓански организации – Одговор на ромската заедница“.