Обединети против насилството врз жените
Главна цел на проектот: Да се придонесе кон развивање на мерки насочени кон повеќекратни нееднаквости и други форми на дискриминација и насилство врз жените Ромки. Воедно, зајакнување на гласот на ромските жени за следење, известување и застапување за имплементација на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW).
Главни активности:
- Воспоставена регионална соработка и партнерство
- Креирање национални мрежи на организации во сите четири опфатени земји, кои ќе работат мониторирање на имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција, на национално ниво.
- Креирање матрица за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво.
- Обука/Семинар на националните мрежи за користење и примена на матрицата за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите.
- Спроведување мониторинг на имплементацијата и усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, на национално ниво и креирање на национални извештаи.
- Креирање Регионален извештај за усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, врз основа на претходно спроведените национални извештаи.
- Регионална конференција за презентирање на Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани бракови и понудата на поддршката и заштита на жените Ромки во случаи на семејлно насилство.
Резултати:
- Креирани национални мрежи на организации во сите четири опфатени земји, кои ќе направат мониторинг на усогласеноста и имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција, на национално ниво.
- Креирана матрица за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво.
- Обучени претставници од организации кои се дел од националните мрежи за користење и примена на матрицата за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите.
- Мониторинг на имплементацијата и усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво и креирање национални извештаи.
- 4 национални извештаи за усогласеноста и имплементацијата на Истанбулската и CEDAW конвенциите, во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
- 1 Регионален извештај за усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, врз основа на претходно спроведените национални извештаи.
- Регионална конференција за презентирање на Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани бракови и понудата на поддршката и заштита на жените Ромки во случаи на семејлно насилство.
Период на реализација на проектот: јуни 2018 – јуни 2019
Проектот е заснован на регионално партнерство со организациите: Ромски женски центар „Бибија“ како апликант, од Србија, „Млади Роми“ од Црна Гора и Здружение на граѓани за промовирање образование на Роми „Отахарин“ од Босна и Херцеговина.
Проектот е дел од регионалната програма “Implementing Norms, Changing Minds: Ending Violence Against Women in the Western Balkans and Turkey” , спроведена од страна на UN Women, а со поддршка од Европска Унија.