Транспарентноста како дел од одржливоста на РАЖМ Лулуди

Со поддршката преку овој грант Лулуди ќе има можност да ги подобри своите практики за транспарентно известување на организациските програми и проекти, активности, резултати и мобилизирање на средства и да придонесе кон поголема оддржливост на организацијата.

Целта на проектот е РАЖМ Лулуди да ги зајакне своите организациски капацитети за транспарентно известување кон општата јавност, донаторската заедница и соработниците. Под зајакнати организациски капацитети се подразбираат стекнување вештини за транспарентно известување на тимот на организацијата, воведени правила и практики за редовно транспарентно известување кон сите страни, изготвени ревизорски документи, организациски извештаи (наративни и финансиски) и останати документи за известување за постигнати резултати од спроведени активности.

Активности на проектот:

  • Подготовка на годишни организациски ревизорски извештаи за изминатите две години, 2017 и 2018 година.
  • Организирање обука за стекнување практики за подготовка на документи за транспарентно известување, односно пишување на годишни наративни и финансиски извештаи.
  • Пишување годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата, со поддршка од ментор.
  • Дизајн на годишни извештаи и публикување на истите на веб-страницата на Лулуди и споделена со мрежа на соработници и донатори.

Проектот е спроведуван со поддршка од програматаОдржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓански организации“. Програмата е спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на гражанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансирана од ЕУ.