Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд

ORT

Главна цел на проектот:

Зајакнување на Ромките за родовата еднаквост и можност за промена на стереотипниот пристап кон пазарот на труд, со што се зголемува интегрираноста на жените на пазарот низ наменети информативни и професионални работилници и обуки.

Цели:

Зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации преку посета на специфични обуки одредени според нивните индивидуални потреби за вработување. Поддршка на идеи за самовработување кај жените Ромки, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис. Поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување.

Целна група се: работоспособни, невработени Ромки од Скопје, на возраст од 20-55 години и млади жени и мажи кои сесрдно ќе добијат информации за нови можности.

Спроведени активности:

  • Информативни средби со граѓани од локалната заедница за споделување информации за проектот и проектните активности, и поддршките за вработување кои се нудат.
  • Средби со претставници од локалните институции, институции кои работат во областа на вработување и НВО.
  • Мобилизација на работоспособни, невработени жени Ромки за посета на обуки за стекнување квалификација.
  • Формирање и водење на Тренинг центар за обуки за стекнување професионална квалификација.
  • Водење на Детски дневен центар, во склоп на Тренинг центарот за обуки.
  • Работилници за меки вештини и само-презентирање.
  • Работилници за бизнис и развивање на бизнис план.
  • Мини саем – промоција

Резултати:

  • 4 месеци од информативната кампања
  • 6 месеци период на разновидна обука
  • 20 невработени жени Ромки со добра CV, интервју и лично претставување можат да бараат работа
  • 10 невработени Ромки со знаење да развијат бизнис план, а 1 план развиен со наша помош
  • 10 невработени Ромки со стекнати нови стручни знаења (во шнајдерство, уредување на изглед коса/нокти, компјутерски дизајн)
  • 5 невработени жени подготвени за вработување со некаков занает
  • 5 бизнис идеи помогнати со опрема за отпочнување на сопствен бизнис во Центарот за обука на проектот
  • 6 месеци на дневен едукативно-згрижувачки центар за 30 деца да учат
  • 5 студенти по педагогија / социологија со практиканска работа
  • 10 волонтери помош за управување со проекти
  • 1 Мини саем во организација за промоција на развиени бизниси и занаетчиски вештини.

Период на реализација на проектот: декември 2015 – јуни 2017 година.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија. Имплементација од страна на РАЖМ Лулуди и ОРТ.

Оваа веб страница е изработена со поддршка на Европска Унија. Содржината е одговорност само на ОРТ и ЛУЛУДИ и во ниеден случај не ги рефлектира ставовите на ЕУ.

 

PLakat 2016

леток

 

maicka