Моќта на жената Ромка во демократските процеси

 

mokjta2

Главна цел на проектот: Жените Ромки активни учесници во јавниот живот во сите фази на процесот на донелување одлуки и политики, на национално и локално ниво.

Спроведени активности:

  • Инфо кампања, која вклучи средби со:
  • Претставници од политички партии и институции
  • Подмладоци на политички партии
  • Претставници од невладиниот сектор
  • Инфо средби со граѓани
  • „Женско кафе“ со млади жени Ромки

 

  • Обука: „Политичко зајакнување на жената Ромка“

Спроведен циклус од два семинара/обуки за 30 жени Ромки. Целта на обуките е подигнување на свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество, да се зголемат нивните капацитети за поактивно вклучување во активностите на политичките партии, едукација за политика, политички партии и ромски жени политичарким, мотивација и разгледување на потребите за активно учество во политичкиот и јавен живот.

Тренери на обуката: Сонѓул Шабан, Елвис Мемети и Зурија Саит

  • Кратки работилници за спроведување на истражување и анкетирање

По обуките, младите жени Ромки посетија работилница за спроведување на  истражување и анкетирање, кои вклучија: разгледување на програмите на политичките партии, правење на десктоп истражување со цел осознавање на женската вклученост во парламентарните избори 2016г., разгледување на листите, и изготвување на кратко истражување на тема Политичката неактивност на жените Ромки во Македонија.

 

Резултати:

  • Подигната е свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество.
  • Жените Ромки заедно со другите жени од Скопје имаат зголемени и зајакнати капацитети за учество во активности на политички партии и вклучување во листите на кандидати.
  • Жените Ромки во политичките партии во областа Скопје, постигнуваат поголемо и поактивно учество и влијание при застапување на родовите прашања.
  • Оспособени да иницираат одредени битни прашања во заедницата, основни предзнаења како да утврдат проблем и да го поткрепат.

 

Период на реализација на проектот: април 2016 – април 2017

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Р. Македонија.

 

0001

 

Novost broj 4 0003-min-min