УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ 2001-2010

2009-2010

ЦЕНТАР НА МЛАДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЛИДЕРСТВО ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА)

Мотивирање и поттикнување на младите Роми да земат активно учество во својата локална заедница, преку едуцирање за локалните институции, организирање и значење на локалните избори, како една алатка за вклучување на младите во процесот на носење на одлуки на локално ниво.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

liderstvo 3 liderstvo 4 liderstvo 5 liderstvo

 

2009

ДАЛИ И ЈАС СУМ ЖРТВА? – ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Промоција и заштита на човековите/женските права на припадничките на ромската заедница во РМ, преку едукација на жените за своите права и како да се обратат до институции за соодветна и стручна помош, како и отварање на локална канцеларија за основна поддршка на жени жртви на семејно насилство. Поддржано од UNFPA.

14191871_10207323945888109_635371974_o

2008

ТВОЈОТ ГЛАС, ТВОЕ ПРАВО

Поголема политичка вклученост на ромското население како гласачко тело и правото на свои претставници во законодавната и извршната власт. Ромите како рамноправен учесник во креирање на политики, вклучени во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Поддржано од ODIHR Warszawa.

твојот глас, твое право 1 твојот глас, твое право 3 твојот глас, твое право 4 твојот глас, твое право

 

2007

МОНИТОРИНГ АКТИВНОСТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА КАЈ РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО Р.М.

Главната цел на овој проект е да изврши мониторинг на состојбата на правата на Ромите во делот на здравствена заштита, осигурување и нега, како дел од активностите од Акциониот план од Декадата на Ромите. Мониторинг процесот беше спроведен од страна на група на активисти кои беа специјално обучени за мониторинг и анализа на активности и имплементација на Акционите планови. Крајниот извештај од мониторинг активностите ги вклучува позитивните практики и препораки за подобрување на постоечките слабости и негативности. Поддржано од OSI New York и ФООМ.

14215324_10207318154463327_1950684351_o здравств 2

2006

ТВОЈОТ ГЛАС, ТВОЕ ПРАВО

Покренување на свеста кај ромското население, односно кај жените за правата и обврските при остварување на избирачкото право. Активностите на овој проект подразбираа работилници за избори и избирачко право, кампања “Од врата до врата”, дистрибуција на информативен печатен материјал  и спроведување на прашалници. Овој проект ги опфати жените и младите од општината Шуто Оризари во Скопје.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

40 2006 IMG_0195 IMG_0253

 

2005

ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Поткренување на нивото на квалитет и квантитет на здравствена помош на ромското население, преку намалување на дискриминацијата, иницирање на нов и подобрен пристап од страна на медицинскиот персонал, како и поткренување на нивото на знаење на ромското население за правото на здравствено осигурување и како да го употребат истото. Проектните активности опфатија тренинг за медицински кадар вработен во здравствени институции, во области каде има најголема застапеност на ромското население, и медиумска кампања насочена кон ромската заедница за покренување на свеста за значењето на здравственото осигурување. Проектните активности исто така, опфаќаа и прибирање на потребна документација за здобивање на правото на здравствена заштита.
Поддржано од OSI New York.

brosura_ zdr1

IMG_0219

2005

И ЈАС ИМАМ ПРАВА – ПОЧИТУВАЈ ГИ

Главната цел на проектот е да ги промовира и заштити човековите/женските права на припадничките на ромската заедница, преку покренување на свеста за постоење на овие права и нивна примена во секојдневниот живот. Активностите вклучени во проектот: организирање трибини, работилници, бесплатен телефон за информитрање и канцеларија за правна помош, каде жените Ромки имаат пристап до бесплатен правен совет и едукација. Проектот вклучи и организирање на истражување за нивото на знаење, уживање, прекршување и заштита на правата на жената. Во проектот земаа учество и претставници од релевантни иституции за заштите на човековите права, како: полиција, центар за социјална работа, здравствени институции, локалната самоуправа.
Поддржано од Delegation of the European Commission.

14203535_10207324008249668_1458019557_o

2003-2004

СЕРВИС, ЕДУКАЦИЈА И ПРАВНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Правна заштита и едукација на жените Ромки, преку директна помош и пристап до точни информации, бесплатен и компетентен совет, психолошка поддршка на жртвите на семејно насилство, како и покренување на свеста на жените Ромки во однос на ова прашање. Претставување на статистички податоци на бројот на жени Ромки жртви на семејно насилство.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

2003-2004

ЕДЕН ЧЕКОР ПОНАПРЕД II

Промовирање на ромската култура, јазик, традиција, етнологија и историски развиток на ромската заедница, пред ромската младина преку организирање на работилници за ромскиот јазик и креативни работилници за културата. Опфатени се 30 млади од 14-18 години. Се спроведоа повеќе активности како: промоција на ромскиот јазик, култура, традиција меѓу ромската младина, преку организирање на курсеви по ромски јазик и креативни работилници.
Поддржано од OSI Budapest.

2004

ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА, ПОТРЕБИТЕ И ПРАВАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ И ПОМОШ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВИЕ ПРАВА

Проект реализиран во соработка со Асоцијацијата за поддршка и заштита на семејства и деца во ризик “За среќно детство“. Проектот опфати истражување на состојбата, потребите и бројот на Роми кои поседуваат здравствено осигурување, со цел подобрување на здравствените услови и промовирање на нов пристап за подобро и поголемо вклучување на ромското население во постоечкиот здравствен систем.

Screenshot_2

2004

ТРАДИЦИЈАТА И ОБИЧАИТЕ НЕ ГО ОДОБРУВААТ НАСИЛСТВОТО

Проектот опфати подготовка, публикација и промоција на студија од спроведено истражување за состојбата на жените Ромки – жртви на семејно насилство, прва од ваков вид. Ова истражување/студија беше прво од овој тип издадено од страна на невладиниот сектор во Македонија.
Поддржан од OSCE Office Skopje

poster romane poster stop na nasilstvoto 2004г.

2003

СИТЕ СМЕ ЕДНО

Кампања по повод 8ми Април – Меѓународен ден на Ромите. Учеството на Лулуди се состоеше во подготовка на изложба на фотографии на тема жени Ромки и ромскиот живот во Македонија. Активностите беа реализирано во соработка со ромската културна асоцијација “Рушид Шаќир“ од Куманово.
Поддржано од  FIOOM и MCMS.

2003

ЕДУКАЦИЈА, ИГРА И МОЖНОСТИ

Главна тема на проектот се правата на детето кај децата бегалци од Косово и деца од локалното население, на возсраст од  6 – 16 години. Се работеше на две локации Долно Оризари и Топаана. Преку реализирање на креативни работилници се помагаше децата да ги надминат нивните потешкотии во учењето, како и да стекнат знаење за детските права и екологија.
Поддржано од UNHCR – ARC.

2003

БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Медиумска кампања против насилството врз жената, како дел од светската кампања за борба против семејното насилство и насилство врз жената. Во кампањата учествуваа 11 локални невладини организации од различни градови, кои направија семинари во својата локална заедница.
Поддржано од OSI Budapest.

IMG_0073  IMG_0086

2002

8-ми АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Организирање на креативен настан на градскиот плоштад во Скопје, каде беа промовирани платнени билборди со испишани мировни пораки за соживот и прифаќање, во чест на Меѓународниот Ден на Ромите.
Поддржано од Министерството за култура на Р.М. и OSI Budapest.

2002/2003

ЕДЕН  ЧЕКОР ПОНАПРЕД

Промовирање на ромската култура, јазик, традиција, етнологија и историски развиток на ромската заедница, пред ромската младина преку организирање на работилници за ромскиот јазик и креативни работилници за културата. Опфатени 30 млади Роми, на возраст од 14 до 18 години, Активности: промоција на ромскиот јазик, култура, традиција меѓу ромската младина преку организирање на курсеви по ромски јазик и креативни работилници.
Поддржано од OSI Budapest.

Screenshot_1

2002

16-ДНЕВНА МЕДИСКА КАМПАЊА – ПРОТИВ НАСИЛСТВО НАД ЖЕНИТЕ

Медиумска кампања за борба против насилството врз жената, како дел од Светската кампања за борба против семејното насилство и насилство врз жената. Светската кампања вклучи ТВ спот презентиран во локалните и националните медиуми, дистрибуција на информативен материјал, организирање на јавни трибини и јавни собири на градскиот плоштад на 10ти Декември Светскиот ден на човекови права – женски права. Голем број на НВОи од различни националности учествуваа во овој проект.
Поддржано од OSI Budapest.

Screenshot_2

2001

ЕДЕН ПОИНАКОВ ДЕН

Проектот се однесува на креирање Центар за деца, 400 ромски деца, 200 деца од колективниот центар во Шуто Оризари, 100 локални деца и 100 деца од ромската населба Топаана. Сите овие деца поминаа еден прекрасен ден, малку поразличен, исполнет со дружење, стекнување нови пријатели, промоција на човекови права на децата, рекреација и забава, како и детска драмска претстава.
Поддржано од UNHCR и ARC.