Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки

Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ заедно со поддршката добиена од Советот на Европа во рамки на проектот „Сите заедно за спречување на трговијата со деца и девојки“ ќе работи на превенција на трговијата со деца со цел да се подигне јавната свест и да се зајакнат децата и младите, со фокус на девојките Ромки, во препознавање и пријавување на можните инциденти и случаеви на трговија со деца. 

Главна цел на проектот е подигнување на јавната свест за трговијата со деца и различните форми на експлоатација, вклучително и принудното питачење, принудни бракови кај деца од различни етнички заедници, девојки Ромки, родители, локални лидери од заедницата, наставнити и медиуми. 

Специфични проектни цели: 

  • Зголемување на партиципацијата на децата и младите во превентирање и спречување на трговијата со деца на локално и национално ниво во Република Северна Македонија, особено во обесправните, ранливи заедници и групи, како на пр: Роми, девојки. 
  • Поттикнување на локалното делување во справување со трговијата со деца, особено со модерните форми како што се трудова експлоатација (ескплоатација на работниот труд), принудно питачење, криминал и прекугранична трговија со деца. 

 

Проектот ги опфаќа следните главни активности:

  • Едукативни работилници наменети за млади, средношколци
  • Промотивни активности за превенција на трговијата со деца предводени од младите
  • Средби и остварени соработки со училишта, институции, НВО и останати засегнати страни. 
  • Промоција на излезни крајни продукти, резултати и препораки 

 

Период на спроведување: :  01.09.2020г. – 31.05.2021г.

Вкупен износ на проектот: 14 997 евра. 

Таргет општини: Тетово, Куманово, Прилеп, Скопје – Шуто Оризари и Штип.

 

Финансирано од Европската Унија и Советот на Европа.