Институционална поддршка на РАЖМ „ЛУЛУДИ“

Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ во престојниот период 2020-2021 година ќе ги jакне своите институционални и организациски капацитети со поддршка на програмата на Цивика Мобилитас. 

Целта на оваа поддршка е делување и работење на институционалниот развој и организациско јакнење на организацијата, како и надминување на моменталните организациски предизвици со што ќе се зголеми и придонесот во општеството, опфаќајќи ги четирите области на кои што се темели програмата на Цивика Мобилитас (овозможувачко опкружување за граѓанското општество, граѓански ангажман, соработка и граѓанско учество). 

РАЖМ „Лулуди“ во рамки на оваа поддршка ќе се насочи кон низа на активности: 

  • Унапредување и зајакнување на капацитетите на РАЖМ „Лулуди“
  • Зајакнување на мрежата на локални организации за мониторинг на спроведувањето на меѓународните документи и политиките за спречување на семејното насилство и дискриминација врз жените, преку зајакната соработка и развој на ГО на локално ниво.
  • Унапредување на позицијата во општеството на жените и младите Роми преку заеднички иницијативи, партнерства со организации, мрежи и институции.
  • Зголемување на ангажманот на целните групи во РАЖМ „Лулуди“ за адресирање на предизвици во локалната заедница.
  • Следење, известување и застапување за имплементација на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените  (CEDAW) во Република Северна Македонија.

Дел од очекуваните резултати: 

  • Зајакнати и унапредени вештини и капацитети на РАЖМ „Лулуди“
  • Зголемен капацитет, организирано делување и препознатливост на неформалната мрежа на женски организации и индивидуалки на РАЖМ „Лулуди“.
  • Зголемена вклученост на корисниците на РАЖМ „Лулуди“ во работењето на организацијата, со особен фокус кон младите невработени, студенти и жени Ромки, како и поттикнување на волонтеризмот. 
  • Зголемена информираност и едукација на жената Ромка за формите на родово базирано насилство и дискриминација, нивно охрабрување за активно учество и делување. 
  • Унапредени национални политики за превенција од родово базирано насилство и спречување на дискриминација врз жените во спроведувањето на меѓународни документи, конвенции. 

 

Период на спроведување: 01.07.2020г. – 30.06.2021г.

Вкупна големина на институционалниот грант за првата година: 1 989 380 денари.

Главно ниво на дејствување: национално, на територија на Република Северна Македонија. 

 

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас.  Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.