Кои сме ние

Print

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди” е невладина, доброволна, непрофитна,  непартиска и  независна  граѓанска организација која делува на територијата на Република Северна Македонија. Соработува со сите сродни организации на принципот на доброволност, рамноправност и меѓусебно почитување, не поддржува никаква партиска и политичка идеологија, никакво повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

Визија: Жената Ромка е рамноправен член во општеството, носител и поттикнувач на социјални промени за одржливо живеење и промотор на вредностите на Ромската култура.

Мисија: Подобрување на статусот на жената Ромка и младите Роми во општеството и семејството, преку нивно целосно вклучување во општествените текови, а во соработка со други организации и институции на локално, национално и меѓународно ниво.

Општите цели и задачи на здружението е да создава услови и организиран настап за постојани активности на жените и младите, како и да ги следи, проучува и иницира прашањата што бараат опшествено разрешување, а непосредно се поврзани со унапредување на општествено-економската положба на жените и младите.

Во рамките на своите цели и задачи определени во Статутот на здружението се определуваат и програмските цели на здружението:

  • Остварување на економските, социјални, културни, граѓански и политички права на жените и младите, утврдени со Уставот и меѓународните документ.
  • Посебна заштита на жената и младите утврдена со Уставот, законите и документите на меѓународните правни организации.
  • Соодветна застапеност на жените Ромки и младите во сите сфери на опшественото делување и одлучување.
  • Целосно почитување на личноста на жената и младите, нивниот интегритет, целосна рамноправност на половите.
  • Решавање на актуелните прашања за унапредување на положбата на жената и младите во сите облати од опшествено – економскиот и политичкиот живот.
  • Остранување на сите облици на насилство врз жената и младинците, во согласност со документите на меѓународната заедница за основните човекови права и вредности.
  • Создавање на услови за поголемо работно ангажирање на жената и младите во стопанството и другите дејности.
  • Афирмирање на културата на живеење и подобрување на статусот и улогата на жената и младите преку средствата за јавно информирање.
  • Преземање активности за здружување во сојузи или други облици на здруженија на жени и младинци.
  • Учество во расправите и дискусиите по закони и законски акти од значење за положбата на жената, семејството и младите.
  • Обезбедување услови за спроведување на мерките на активна здраствена и социјална заштита на жените со акцент на нејзината улога во биолошката репродукција и правото на жената соодветно да одлучува за раѓање на деца, како и остранување на сите облици насилство над жената.
  • Покренување на иницијатива за доброволно делување на младите и жените за разрешување на конфликти, еколошки проблеми, помош на загрозени од елементарни незгоди, помош на болни, стари и изнемоштени лица и незгрижни деца, мировни акции и друго.

Своите цели и задачи  здружението ќе ги остварува  преку:

  • Остварување конкретни програмски активности.
  • Остварување заеднички проекти во соработка со други организации и институции врз принципите на добро партнерство, користејќи инетрдисциплинарен пристап.
  • Основање клубови за поддршка според искажаните потреби на жените и младите.
  • Основање социјално претпријатие за остварување на целите, интересите и активностите и за финансирање на нивните функции утврдени со статутот.

ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ

zanas-1

СТАТУТ НА РАЖМ ЛУЛУДИ

РЕЗУЛТАТИ

НВО Лулуди е веќе препознаена организација во својата заедница, на национално, како и на меѓународно ниво.

Препознатливоста се основа врз реализирање на над 25 проекти од следните области: избори и избирачко право, семејно насилство, човекови права во сферата на здравствена заштита, вклучување на младите на локално ниво, женски права и промовирање на еднаквост.

За потребите на проектите организацијата има остварено успешна соработка со јавни и државни институции како: Министерство за здравство, Министерсто за образование, Министерство за труд и социјална политика, општина Чаир, општина Шуто Оризари, општина Ѓорче Петров, Министерство за Правда – Управата за водење на матичните книги.

Освен како носител на проекти, има остварено соработка за повеќе од 20 проекти со други домашни и меѓународни организации, посета на голем број меѓународни настани и конференции.